Tacnata

Tacnata · @Tacnata

9th Oct 2013 from TwitLonger

Проблеми со рбетниот столб. Се обидуваш да дојдеш до матичниот лекар. Матичниот работи во понеделник и среда, четврток само пред пладне. Во петок е на пат. Чекаш, живееш со болка. Конечно доаѓаш до лекарот. Се обидува да те излекува со таблети и инекции. После една недела терапија нема подобрување. Повторно одиш кај матичниот лекар за да ти закаже преглед кај ортопед. Терминот е за 12 дена.
Чекаш, живееш со болка. На закажаниот термин лекарот ортопед утврдува дека ти е потребна снимка со магнетна резонанца. Ти закажува преглед во Скопје. При издавање на упатот, има проблем со програмот кој според министерот Тодоровски функционира одлично, па на испечатениот упат допишува информации со пенкало. Терминот е за 21 ден. Чекаш, живееш со болка.
Доаѓа Д денот. Од провинцијата каде живееш седнуваш на автобус за Скопје. Некако доаѓаш до болницата. Го подаваш упатот на шалтер. Те известуваат дека не е исправен бидејќи докторот допишал нешто со пенкало. Работникот се правда дека не смее да прими таков упат, ќе го казнеле. Ти ги враќаат документите со совет да појдеш повторно кај лекарот ортопед. Се враќаш од Скопје со испразнет џеб и болки во грбот. Одиш кај лекарот ортопед и му раскажуваш. Лекарот ортопед се извинува дека не може да направи корекција на веќе издадениот упат и те праќа назад кај матичниот да ти закаже нов термин. Одиш кај матичниот лекар, ти закажува нов термин кај ортопедот. Живееш со болка, ќе чекаш 10 дена да дојдеш на ред кај ортопедот за да ти закажат нов термин за сликање и се надeваш дека терминот ќе биде за помалку од три недели....
Во Систина снимањето чини 18,000 денари. Живееш со болка. Одењето станува проблем.
Му пишуваш на @trendolend во надеж дека ќе го објави твитот и дека пораката што ја имаш за министерот Тодоровски ќе стигне до него. Драг министре Тодоровски, да си го пикнете програмот во газ.
Живееш со болка.

Reply · Report Post