NaTochak

Na Tochak · @NaTochak

26th Aug 2013 from TwitLonger

#NaTochak Загрижен граѓанин ни испрати по мејл допис кој што го пратил до општина Карпош, по повод пукнатини на делот од велосипедската патека на кеј која што е во нивна надлежност. Дописот е следен, а за пукнатини од какви размери се работи можете да видите од сликата (https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-frc3/s720x720/1185201_538837326184084_1856493047_n.jpg). Апелираме до надлежните што побрзо да ги санираат пукнатините, бидејќи навистина се опасни за велосипедистите, а истовремено ги охрабруваме останатите граѓани да продолжат со пријавување на ваков тип проблеми до надлежните.

Почитувани

Ве контактирам поради прогресивно се полошата состојба на рекреативната патека покрај Вардар, во делот кој е изграден од општина Карпош.

Имено, редовно рекреирам на патеката, и во последниве месеци се појавија поголем број на пукнатини и дупки во тој дел на патеката, за кои очигледно никој од општината не се загрижил ниту интервенирал.

Во прилог вклучувам и ориентациона мапа на пукнатините преку кои рекреативците на градот мора секојдневно да балансираат, скокаат и заобиколуваат. Доколку ви се потребни, можам да вклучам и фотографии на секоја поединечна пукнатина

Од утрово на патеката се појави многу сериозна пукнатина која претставува ризик по сите рекреативци. Имено, една од плочите е скршена и штрчи најмалку 10 cm над остатокот од патеката. Локацијата на оваа пукнатина е посебно потенцирана со повеќе концентрични кругови.

Ве молам за информација, дали општината планира нешто да направи за да се санираат овие ризични локации или останува рекреативната патека да стане патека со препреки.

Доколку општината не планира да интервенира, мислам дека рекреативците ќе успеат да се организираат да соберат пари за крпење на овие пукнатини, во интерес на сопствениот врат.

Во копија на оваа порака ги вклучувам и сограѓаните организирани околу акцијата На Точак, со надеж дека информацијата проблемот ќе се прошири

Reply · Report Post