Текстот на ФОРМУЛАРОТ за ОДОБРУВАЊЕ ЛИНКОВИ >>>

Формулар за одобрување на линкови:

1.Дали си сигурен дека не сакаш да те тужиме?
2.Име ___________________
3.Презиме ___________________
4.Татково име ___________________
5.Дедово име ___________________
6.Дали имаш бугарски пасош? ___________________
7.Единствен матичен број ___________________
8.Број на пасош ___________________
9.Дали си од СДСМ?
10.Дали си будист?
11.Зошто ти треба линкот (описно не помалку од 500 карактери)
____________________________________________________
____________________________________________________
____________________________________________________

12.Дали поседуваш Агрегатор?
13.Дали поседуваш Агрегат?
14.Имаш ли прележано сипаници?
15.Дали до сега си крадел линкови од нашиот портал.
16.Дали се случило У кафана да прераскажеш некој наш текст, ако да објасни кој и зошто?
____________________________________________________
____________________________________________________
____________________________________________________


17.Дали твоите намери со нашиот линк се етички чисти (ако да објасни подетално)
18.Дали го исчисти снегот пред твојата куќа___________________
19.За кого гласаше на последните избори___________________
20.За кого ќе гласаш на локалните избори___________________
21.Дали ти е доволно голем споменикот Воин на коњ?
22. URL каде планираш да го поставиш НАШИОТ линк
23.Дали се сложуваш дека ова што го бараш линкот не е баш фер од твоја страна.

Потпис (печат за правни лица)
____________________________________

Ве молиме да испратите и фотографија на која ви се гледаат ушите, во спротивно вашето барање нема да биде разгледано.

Би сакале да те информираме дека 90% од барањата НЕ ги одобруваме, но сепак чесно е да си ја пробаш среќата. Ќе те информираме писмено во рок од 7 до 14 работни дена.

Reply · Report Post