ping @Vnukot @Necovski

Говор на омраза ја загадува македонската блогосфера

Македонија во моментов се соочува со обратна Арапска пролет. Групи што шират говор на омраза ги преплавуваат блоговите со навреди и го убиваат демократскиот дискурс во мрежата.

Македонија, мала земја меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија, имаше пред неколку години жива и разновидна блогосфера. Но, серија на националистички говор на омраза практично ги замолчи критичните блогери.

Во 2005 година, имаше еден вид на Cambrian explosion (?) во македонската блогосфера. Блог платформата Блогерај обезбеди првично македонски кориснички интерфејс и помогна околу тоа многу Македонци да креираат свои сопствени страници . "Од неколку десетици, набргу станаа неколку илјади блогерит", вели Филип Стојановски. Стојановски со блогирање се занимава речиси десет години, твита и следи со загриженост, како првично живописниот политички дискурс во мрежата се повеќе се замолчува.

Причина е нов вид на цензура што се шири во земјата. Националистички интернет корисници ги преплавуваат блоговите кои што се критички настроени кон власта со навреди и закани. Вие не сте централно контролирани, но организирани во т.н. "групи на омраза".

Пред сè, сексуални инсинуации и расистички platitudes (?) им служат како оружје. Целта е машките блогери да се навредуваат преку споредби со геј популацијата. Албанците, кои го сочинуваат најголемото малцинство во мултиетничката држава, се наведуваат како под-луѓе. Воопшто, нацистичка симболика и повици за геноцид се правило. Поплавата на пораки со говор на омраза- понекогаш се до неколку илјади во еден пост - го гушат секој обид за конструктивна дебата.

Како последица на тоа читателите престануваат да коментираат. А следно, блогерите самите или прекинуваат со своите активности или се селат на англискиот blogspot домен. Таму тие, во принцип, се оставени на раат, но едвај забележани од страна на македонските корисници.

"Со одржување на социјален притисок и ставање крај на дијалогот со читателите, всушност, блогерите критички настроени кон власта се замолчени без конкретно да бидат принудени на тоа", вели Роберто Беличанец од НВО Центар за развој на медиуми .

Примерот со Македонија го покажува следното: Успехот на блогови и социјални медиуми не води автоматски кон демократизација на општеството. Секоја техника има две страни и во овој случај, за жал, темната страна е посилна.

Reply · Report Post