Necovski

Petar · @Necovski

16th Jul 2010 from Twitlonger

Распусто – оти е роден на 10 јуни
Лагата! - оти има куси нозе :)
Резило - пошол да си купва патики по влечки и по чорапи
Свиокот - живеел на некоја кривина!
Неспремното - оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.
Сантимо - за сантим немал два метра кутар тој 199цм....
Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.
Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА
Ајкула - оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале
ЌОШО - оти Ивица се вика
ЛАНОТО - Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!
Нитрото........оти црногорец е детето и "екстремно е брзо"
Индексо - прв во цела мала се запишал на факултет
ЏОГЕРО - висок, слаб со виткана коса
Купусо - оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка - каца.
Спидот - оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!
Кофчегот - интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка :)
Индексо 2 - единствен во друштво со факултет
Децималнио - не е баш „точен“, нормален
Ќор - Оти на сите му викаше „Кај си Саша“ :)
Пеце Грдиот - оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“ :) Иначе на Жабата брат му. :)
Казанова – оти ко казан бил во главата
Џони Walker - Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластично
Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска
Струјата-оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката......
РАБРАТА - професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)

Reply · Report Post